✦ Нашата приказна
Приказна создадена од желба и визија за професионална фармацевтска дејност
Магистар по фармација со положен стручен испит и стекната лиценца за самостојна работа, со положени испити од областа на економијата за надворешно-трговско работење и со 9 години работно искуство во АД Алкалоид во секторот за увоз на репроматеријали за лекови, мр Марија Фидановска направи смел чекор — во 1992 година ја отвори ПЗУ Аптеки Виола, меѓу првите 5 приватни аптеки во државата.
Градиме доверба преку професионалност, човечки пристап и континуирана грижа за здравјето на нашите пациенти. Нè води желбата да бидеме повеќе од аптека — место каде што знаењето, искуството и грижата се во служба на пациентот.
Повеќе од три декади подоцна, Виола е професионална компанија со тим од над 80 луѓе кои ја живеат истата мисија.
„Здравје со традиција"